Во рамките на проектот ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК/DESIGN CHALLENGE/, дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, по втор пат, организираат дводневна бесплатна работилница за ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ/DESIGN THINKING/.
ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ/DESIGN THINKING е креативен пристап преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.
Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици, запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.
Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик.Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 10 октомври. Работилницата ќе се одржи на 15 и 16 октомври од 10 до 17 часот. Повеќе информации и форма за апликација на www.designtatamata.com Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.
Нема коментари