За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија за висока мода, потсетувајќи на слики како од „VOGUE“ или пак „Thedevil wears Prada“. Но, во реалноста, стилот е за секојдневната личност и за мажи и за жени. Клучот за да изгледате одлично и стилски не е да се следат сите најнови модни трендови, туку да се остане верен на сопствениот, личен стил.
Не треба никогаш да се заборави дека сѐ она што носите на себе, со себе и воедно е дел од вашиот целокупен изглед и однесување влијае на начинот на кој останатите ве перципираат, впечатокот кој го оставате како и ги одразува психолошката, социјалната и емотивната состојба. Во основа, сите ние инстинктивно ја разбираме моќта на личниот имиџ и изглед. Знаеме и дека секој детал е важен затоа што одразува кои сме ние. Додатоците се главна компонента за изразување на личниот стил. Тие даваат увид во тоа кои сме и го истакнуваат она во што уживаме.
Персонализирањето како можност за прилагодување на нештата баш по своја мерка е релативно нова можност, достапна и воедно популарна во последните неколку години, кое овозможува прилагодување на сопствениот стил, градење и изразување на својот стил преку детали. Низ годините се појавија многу опции како персонализирање на облеката, чевлите, накитот, електронските уреди, а од неодамна и автомобилите со своите омилени бои, со личен избор на детали кои даваат личен печат. Со ова потрошувачот создава нешто уникатно, единствено, кое го отсликува неговиот уникатен личен стил.
Пушењето, покрај тоа што претставува личен избор, претставува на некој начин и дел од личниот имиџ за оние кои ја стекнале оваа лоша навика, а секој пушач е различен по своите желби, навики и шаблони поврзани со својата навика. Електронските уреди IQOS претставуваат научно докажана подобра алтернатива од пушењето, наменети за сите возрасни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. Овие уреди се резултат на долгогодишни обемни научни истражувања, испитувања, тестирања и студии по што се добиени следните неколку заклучоци, потврдени и од реномираната американска Агенција за храна и лекови (FDA): “Системот IQOS го загрева тутунот, но не го гори. Ова значително го намалува создавањето на штетни и потенцијално штетни материи. Научни истражувања покажале дека целосното префрлување од цигари на системот IQOS значително ја намалува изложеноста на вашето тело на штетни и потенцијално штетни материи“.
Овие уреди бидејќи го загреваат, но не го горат тутунот, не испуштаат чад како цигарите кој е полн со преку 6000 соединенија од кои преку 100 се докажано штетни и канцерогени, нема ни силен непријатен мирис ниту пепел, правејќи ги значително попријатни за непушачите кои се во непосредна близина. За една алтернатива да биде прифатлива од страна на пушачите треба да одговара на сите тие желби, навики и шаблони, а воедно да ја задоволува потребата од никотин.
IQOS уредите се наменети исклучиво за возрасните пушачи и не се производи без ризик. При купување на додатоци за персонализирање внимавајте истите да се од овластен продавач бидејќи само тие додатоци со сигурност имаат проверен квалитет, се тестирани за употреба на температурата на уредот и се компатибилни со уредите, при што гарантираат правилно функционирање. Сите достапни оригинални додатоци можете да ги најдете на mk.iqos.com и да добиете лична консултација од IQOS експертите во виртуелната IQOS зона.
Нема коментари