Њујоршката дизајнерка Миша Нону претстави капсулна колекција наречена Easy 8 наменета за деловните жени и според неа потребни се само осум базични модни парчиња со чие комбинирање може да ја комплетирате целата бизнис гардероба. Главната поента е да се поедностават нештата, без да се жртвува стилот во кацеларија. „Easy 8 Collection се роди како резултат на мојата лична потреба да ја поедноставам дневната рутина. Како и повеќето жени, јас сакам да водат исполнет живот и мечтаам за гардероба што ќе ги следи моите потреби“, вели Нону.
Во нејзината деловна колекција има осум парчиња – две бели кошули, панталони, здолниште, ролка, сако, фустан, комбинезон, креирани во црна и бела боја, со чие спарување може да се направат 22 различни комбинации. Овие комбинации ќе ги задоволат сите ваши деловни потреби како работа во канцеларија, бизнис состаноци, корпоративни ручеци и разни деловни настани. Според Нону оваа колекција на лесен начин го решава проблемот со исполнување на гардероберот, но и го намалува стресот при утринското бирање на облека за на работа. Тоа значи помалку време потрошено за мислење што да облечеме, и повеќе време за концентрирање на тековните професионални задачи.
Нема коментари