Дизајнерот Марјан Пејоски од лондонскиот бренд KTZ вчера ја прикажаа женската колекција за пролет-лето 2016, во клубот XXL во квартот Воксол, во Лондон, враќајќи се „дома“ откако мината сезона беше дел од Њујоршката модна недела. Во новата колекција претставена со фразата „светот што доаѓа“, Пејоски и партнерот Сашо Бeжовски оддаваат почит на пост-панк естетиката од 80-тите и во креациите продолжуваат да ја истражуваат урбаната улична култура и племенската иконографија. Ревијата почна со црно-бели модели со шари и мотив на метална заштитна жица која реферира на погрдите глетки и визуелните елементи што ги одбегнуваме во блескавите градови. Пролетната колекција на KTZ потоа се развива во облека со деконтруиран крој од материјал кој потсетува на стуткана хартиена кеса, следат кожени и парчиња со металик орнаменти и финиш со креации со апстрактна шара. Главен детаљ е полукружна рачка која потсетува на рог и се користи како привезок или обетки, а стајлингот е надополнет со фризури во стилот на Сузи Сју.
Нема коментари