Последната, седма сезона на хит-серијата „Маркетинг директори“, која важи за една од најдобро костимираните историски драми, ќе заврши во стилот на 70-тите години на минатиот век. Финалните епизоди на еден од најнаградуваните ТВ-проекти, во продукција на AMC , ќе почнат да се прикажуваат на 5 април. Уште од самиот почеток серијата, која се фокусира на зачетоците на современиот маркетинг во САД, автентично ја претставува модата од времето кога е сместено дејствието. Најпрво приказната почна во 50-тите години, кога костимите беа во стилот на модата од таа деценија, со широки миди здолништа и фустани, рамни чевли, подигнати фризури и џемпери, кај дамите, и тесни припиени кафени и сиви костими со тенки црни вратовтрски и федора-шешири кај мажите.
Како што се развиваше прказната и одминуваа годините така се менуваше и модата, па бевме сведоци на замена на широките миди здолништа со тесни модели, а потоа и со екстра куси фустани во стилот на 60-тите. Дел од ликовите, во завниностод карактерот, ја применија и хипи модата, од доцните 60-тите. Кај мажите се појавија карирани и шарени палта и одела.
Со оглед на тоа што новата сезона ќе биде сместена во 70-тите години, костимографите се погрижија да бидат застапени формите и кроевите од тоа време.Па така, нè очекуваат доста ѕвонарки, чевли на висока подлога, дуси фустани со нагласени ракави, принтоци,џинс, долгу цветни креации, памучни фустани во А-форма и друго. Мажите, ги очекуваа подрастични промени на физурите, но и вметнување на кошули со шпиц јаки и комбинација на палта и панталони во зралични бои и шари.
Деноиве беше објавена фотосесија со главните актери на серијата, каде што јасно се гледаат модните промени и нсоки во кои се развиваат стиловите на добро познатите карактери. Бившата сопруга на Дон Дрејпер, Бети, носи долг флоренал фустан, а актуелната сопруга, Меган, е во комплет од ѕвонарки и куса блуза од бела тантела. Сели, ќерката на Дон, сега е во тинејцерски години и носи кусо фустанче со ретро, барок ракави. Пеги Олсон е во краток фустан со карнери, како слиа за безгрижноста и полетноста на 70-тите, додека Џоан, која беше препознатлива по пламучките фустани со преклоп и тесните миди здолништа, сега е во цветен фустан во А-форма.
Нема коментари