Свечени креации со потпис на Дренуша Џара и Јилка Брада, драматични златни и сребрени модели со маски на JZJ by Zlatko Jovanovski и елегантен накит од Sigma Jewerly можеа да се погледниот ден на 13-тото издание на Моден викенд-Скопје во салонот „Порше Македонија“. Вечерта почна со ревиите на Дренуша Џара и Јилка Брада, поддржани од USAID EMPOWER Kosovo & Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA. Џара ја презентираше колекцијата „Златна ера“ за актуелната сезона, додека Брада дебитираше пред македонската публика со колекцијата „Tradern“, за есен-зима 2016/2017.
Младиот дизајнер Златко Јовановски презентираше 15 креации во кои доминираат златни и сребрени тонови од колекцијата “JZJ’s KINGDOM”, надополнети со маски, шапки и други аксесоари. Наскоро целата колекција ќе биде изложена во Лондон и ќе остане во салон од кој модни парчиња најчесто изнајмуваат ВИП личности.
Посетителите на Моден викенд имаа можност и да погледнат ревија на накитот на „Sigma Jewelry“. Познатиот бренд ги прикажа новите ексклузивни парчиња италијански накит на својата прва ревија на Моден викенд Скопје. Колекцијата за пролет-лето 2016 е достапна во продавницата во ГТЦ.
За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и тимот на мејкап артисти а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“. На тринаесеттиот Моден викенд Скопје, под мотото „ Да живеат осумдесеттите!“ видовме вкупно тринаесет ревии. Наскоро се очекува и отворањето на новото ателје на „MCouture by Mila Kadriu“.
Нема коментари