Поранешната луксузна вила на модниот креатор Карл Лагерфелд во Монако пред неколку дена ги отвори вратите на јавноста. Вилата на три ката со неверојатен поглед на Средоземното Море, се наоѓа на врвот на карпа во познатиот Monte Carlo Beach Club. Сега за првпат во својата историја ги отвори вратите за пошироката јавност и тука се одржа саемот за колекционерски дизајн Nomad, на кој се покажаа дела од популарни уметници, дизајнери и архитекти. На саемот учествувале галериите Massimo De Carlo, Nilufar, и David Gill Galleries, потоа дизајни на Заха Хадид и Campana Brothers, имало разговори со архитектите од студиото на Норман Фостер, и биле претставни проекти на галеријата Serpentine и дизајни на модниот креатор Рик Овенс.
Лагерфелд вилата ја купил во 1986 година и ја реновирал по негов вкус со мебел од принцот Рение и од Société des Bains de Mer. Во неа летувал во текот на 80-тите и 90-тите години. Своевремено, во интервју за магазинот W, Карл за вилата изјавил:
-Ова е најбезбедното место во светот. Неверојатни е да се доближиш до вилата. Нема јавен пат и треба да поминете низ две капии за да се влезете внатре. Нема дури ни адреса, па никој не може да ми пише додека сум овде.
Карл Лагерфелд направил неколку големи промени во оваа вила. Трите дневни соби на првиот кат ги трансформирал во голема сала за танцување, која всушност ја користел како фотографско студио. На горниот кат се спалните соби со приватни балкони и кревети во стилот на марија Антоанета. Дури и купатилата имаат одушевувачки поглед на Монте Карло.
Куќата е изградена во 1902 година за Сер Вилијам Инграм, британски издавачки магнат. Неверојатниот имот е наречен La Vigie, и денес се користи како хотел за организирање изложби, аукции и луксузни свадби.
Нема коментари