Како загревање за св. Трифун и инспирација за св. Валентин, од денеска до 14 февруари во студиото Magda Station на младата дизајнерка Магдалена Таневска ќе се одржи поп-ап продавница. Во продажниот салон ќе биде изложена новата мини колекција BAM ( Basilea + Magda). Посетителите на оваа модна станица сместена на ул. 29 Ноември бр.2 во центарот на Скопје ќе може да ги пробаат и набават и моделите од ресорт линијата на Basilea и Алмир Мили, новата колекција на Mariguccha, зад која стои Нела Тодоровска, како и модни парчиња од Acid Wear и од Сара Џи. Покрај облека, во поп-ап придавницата ќе има и уникатни парчиња накит од Art Fantasy Jewelry. Посетителите може да добијат попусти и до 50 отсто, како и вино и колачиња.
Нема коментари