Британскиот модел и модна икона, Попи Делевињ, соработува со креативниот директор на брендот „Емилио Пучи“, Питер Дандас, за насловната страница на норвешкото издание на Elle, за март. Сестрата на манеканката Кара Делевињ, за едиторијалот позира пред фотообјективот на Ејса Толгард, носејќи креации од пролетната колекција на „Пучи“. Комбинациите ги стилизира Петра Миделтон. Заштитно лице на пролетната камања на италијанскиот бренд е Жизел Бундшен.
Нема коментари