Охридскиот концептуален бренд Rumor Shop ќе одржи еднонеделна поп-ап продавница од 1 до 7 март во галеријата „Акантус“ во Скопје. Покрај креациите од „Румор“, зад кој стојат Алек Бимбилоски и Лејла Гогова, на продажба ќе бидат и модели од македонскиот дизајнер Ристо Бимбилоски. Креациите ќе бидат со специјален попуст. Поп-ап продавницата во галеријата сместена во скопско Дебар Маало, ќе може да се посети од 11 до 20 часот.
Нема коментари