Модниот бренд „Барбери“ уште во август ја откри дека пролетната колекција ќе ја одржи на нова локација, во Makers House, сместена во срцето на Сохо во Лондон, каде што ќе ги прикаже своите дела и вештини благодарение на кои настанала колекцијата инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџија Вулф. Брендот сега најави уште една работа, дека време на еднонеделните настани на таа локација, ќе отвори привремено кафуле во кои ќе се служи здрава британска храна, производи од локалните фармери и артисанал-производувачите, како и оброци од типот специјалитет со пилешко, салати со ориз, погачи со путер и мармалад, коктели и разни видови вино.
Пред неколку месеци „Барбери“ ja отвори својата прва кафетерија наречена Thomas’s , според основачот на брендот Томас Барбери, која е сместена во близина на главната продавница на „барнери“ на Риџент Стрит во Лондон.
Нема коментари