По пет години успешно другарување на сите културни и градски случувања, добро познатиот македонски бренд Lotus Lounge Chair на Анита Гај на 13 декември во 13 часот, се сели во своето ново поп-ап катче во „Скопје Сити мол“.
Поп-ап продавицата „Лотус генерација“ на Анита Гај во соработка со уметницата Нина Нинеска и нејзиниот бренд за уникатни светилки, Cosmic Light, на првиот кат во „Скопје Сити мол“, ќе биде место за промоција и продажба на производите и брендовите на овие две уметици. Заедничката соработка почна пред неколку години, кога „Лотус“ стана дел од инсталацијата „Дрвото на животот“ на Нинеска, која беше лоцирана на тревникот покрај градскиот плоштад „Македонија“. Соработката се обнови годинава, во заеднички производ „Лотус“ столче инспирирано од дизајнот на светилкaта „Снегулка“ (Flakelight)” презентирани на Скопската недела на дизајнот 2013 (Skopje Design Week). Анита Гај годинава е поддржана со грант од Министерството за култура во областа на креативни индустрии, кое министерството го додели за прв пат.
Анита Гај работи како индустриски и графички дизајнер веќе две децении. Таа е пионер во областа на креативните индустрии во Македонија, дизајнер со сопствен производ кој постои веќе пет години. Taa и е позната на скопската публика преку безбројни дизајни, илустрации и амбалажи работени под капата на скопските креативни агенции како „Чунга Лунга“, „Екстра“ на Tинекс, Бojana, Tетовска млекара, Европа, корпоративни имиџи на „Сеат“, „Дајнерс“, Клубот Koлосеум, „Mодна недела Скопје“ и други.
Нина Нинеска e дипломиран скулптор, повеќе од деценија работеше како графички дизајнер, во развојот на корпоративниот бренд и маркетинг коцамуникациите во областа на телекомуникациите. Доби награда од Министерството за култура за предлог- монументалната скулптура “Изгрејсонце” за град Скопје. Од пред неколку години отпочна со нејзиниот уметнички проект на геометријата, бројот, светлината, звукот, човекот и нивната релација низ интроспекцијата “Кој сум Јас”. Македонската јавност ja запозна низ современите скулптури и волшебните инсталации од рефлектирачки материјал кои ги адаптираше во современо дизајнирани светилки со кои дебитираше во индустрискиот дизајн на Скопската недела на дизајнот 2013 (Skopje Design Week 2013).
Lotus Lounge Chair
Лотусите Јога, Лист, Кид, Бад и Оригами се пет години дел од сите наши културни манифестации, градски приказни, урбани простори и топли домови. Тие се со нас на „МакеДокс“ на Скопската недела на дизајн, на „Здраво млади“, „Локомоушн“, на „Баскерфест“, на детските работилници на „Кидсфест“, веќе шест сезони се заштитен знак на Моден викенд-Скопје, a дел се и од повеќе изложби и перформанси… Oсвен тоа задолжителни се на Охридско, за дремење под сенка и на снегот на сончевата Шапка. „Лотус“ се појави со идеата да понуди мултифункционална и модерна солуција на бинг баг од минатото продукт кој ја промовира идејата дека мебелот треба да биде прилагоден на човечкото тело.Неговата иновација е новиот ергономичен дизајн кој флексибилно се оформува за вашето максимално задоволствo. Познати факти кај овој тип на производи се дека помагаат при проблем кај децата со учење, концентрација, фокус, аутизам, хиперактивност и одлични се за учење преку забава. Предноста кај Лотус е двојната водоотпорна навлака со гаранција за квалитет и издржливост, лесни за одржување, достапни во повеќе бои, брендирани или илустрирани.
”Cosmic Light”
Cosmic Light е бренд кој ја поврзува современата уметност со индустрискиот дизајн во една целина. Светилките „Геометри” може да и да се употребуваат како светилка и како декоративен елемент во еден простор. Тотемите „Унилајт“ имаат специално декоративно осветлување и проектираат апстрактна графика во околината. Светилката „Снегулка“ (Flakelight) e абажур од тродимензионална сложувалка која одлично се вклопува во простор каде што е потребно светлина во жолта, зелена, црвена боја па дури и осветлување на просторија каде може да се прочита некоја книга.
Современиот дизајн на светилки е целина од уметничкиот концепт на Нина произведени од компанијата Унига Инженеринг со цел да се создаде уникатен квалитетен Македонски производ кој во иднина би се пласирал на странскиот пазар. Иновативноста на светилките е што можат да се употребуваат и како скулптури и како производ за осветлување.
Нема коментари