Најспектакуларната ноќ во музејот Метрополитен во Њујорк што секоја година се случува воочи традиционалната модна изложба во Интитутот за костими е гала вечерта на кој домаќинка е озлогласената Ана Винтур од Vogue. Оваа година на познатата уредничка друштво во водењето на настанот и’ правеа актерите Сара Џесика Паркер и Бредли Купер, на вечерата за која е потрбна специјална покана од Винтур и чек од 25.000 долари се појавија повеќе познати личности дотерани специјално за таа вечер, а по анализите за нивниот моден избор, време е да ја погледнеме другата страна на Мет Гала. Следаат фотографии од „Инстаграм“, позирање на црвен килим, подготовки за настанот, згоди и незгоди од црвениот килим, танцување и дружење…
Нема коментари