Модната блогерка Руми Нили со својот блог Fashion Toast е една е првите кои оставија печат на светската сцена, а денес оваа стилска инфлуенсерка се занимава и со дизајн на својот моден бренд Are You Am I. Руми неодамна се венча со свооето момче Кристофер Доусон на ранч Сан Исидро во Калифорнија, и бидејќи е влијателна блогерка сите се заинтересираа како изгледа нејзината венчаница.
Скоро проѕирна и провокативна, но со доза на елеганција! Руми избра фустан од тенок, прозрачен материјал, со проѕирен горен дел со стратешки покриени гради, висок шлиц и долг шлеп од тул. Руми постира неколку фотографии од свадбата, а за фустанот и атмосферата сведочат и објавите на гостите, меѓу кои беше и колегата блогер Брајан Бој.
Провокативни и проѕирни модели носеше и на предсвадбената фотосесија што Руми ја направи исто така Сан Исидро ранчот.
Нема коментари