Кејт Мос е веќе успешна манекенка, модна дизајнерка, a сега во свото CV ја додава и ставката дизајнер на ентериери. Таа го потпишува дизајнот на The Barnhouse, селска куќа сместена во популарниот регион Котсволдс, на југот на Англија. Оваа селска куќа е дел од замислата за луксузни домови за одмор надвор од бучниот Лондон, на која Кејт работеше заедно со Џон Хичкогс од архитектонско-дизајнерското студио Yoo. Манекенката веќе има свој имот во Котсволдс, во чија околина викендички имаат славните британски личности, а со Хичкогс одбраа да работат на куќа во облик на штала со пет спални соби опкружена со приватна шума.
The Barnhouse однадвор има црвени цигли, голем трем и базен. Клучно е што има големи прозорци кои дозволуваат светлина во домот и огромна кујна. Улогата на Кејт беше да го осмисли внатрешниот простор, да одбере мебел и декор во многу интензивни бои кој е меашавина на традиционален англиски стил, луксузен рурален изглед и ретро гламур. Низ куќата Кејт избра повеќе уметнички дела од познати британски уметници како Дејан Хирст и браќата Чепмен, а може да се забележи и една фотографија на Мос во златен корсет од Динос Чепмен. Куќата се продава по цена од 2.5 милиони фунти.
Нема коментари