Раскошна колекција од модерни дизајнерски парчиња облека, накит, чевли, чанти и шапки, како и широка палета на секси долна облека се модното богатсво на британскиот модел и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли. Сајтот The Coveteur, кој редовно добива „налог“ за да ѕирне во гардероберите на славните актерки, модели, дизајнери и блогери, овој пат доби клуч од ормарот на оваа атрактивна русокоса во Лос Анџелес.
Од фотографиите може да се заклучи дека модните парчиња и долната облека што таа ги поседува се фантазија, за двата пола. Има цела колеција од скапи бунди од познати модни куќи, како и јакни и палта со вечерен и секојдневен изглед. Посебно виимание привлекуваат рафтовите со чанти, очила и шапки, кои се во различни големини и бои. Роузи очигледно има модерен вкус и за накит, па тука се дисртени шик ѓердани и трендовски прстени. Долната облека е во пастлни бои од тантела и свила.
Нема коментари