Некогаш дете актер, сега дизајнерка и моден магнат, Ешли Олсен заедно со нејзината сестра близначка Мери-Кејт создадоа огромно богатство благодарение на франшизните линии што ги покренаа како тинејџерки и неколкуте модни брендови од кои најпознат е The Row. Затоа не нè изненадува што Ешли може да си дозволи 7.3 милиони долари за стан во Њујорк.
Ешли неодамна го купи овој апартман во њујоршки Фриниџ Вилиџ, сместен во здграда од 1898 година, голем скоро 300 метри квадратни и со распоред кој овозможува светлина само од двете спротивни страни на станот. Апартманот има две спални соби, кујна дефинирана со стаклени ѕидови карактеристични за работилници, високи плафони, приватен лифт, мермерни површини во купатилото и кујната и пространа дневна соба.
Нема коментари