Единаесеттото издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи од 1 до 5 април, а подготовките за пролет-лето 2015 организаторите на модниот настан традиционално ги почнуваат со снимање на фотосесија, како и одредување имиџ и тема на сезоната. Еве прв поглед на атмосферата од снимањето на фотосеијата што ја потпишува танденот Ани и Дими, а од работните фотографии откриваме дека заштитни лица за новото издание на FWSK се моделите Ивана Дукоска и Вања Трампевски од модната агенција „Подиум“. Шминката ја направи Зоран Шурбевски, а за фризурата се погрижи „Бубе Студио Ин“.
Тематски Моден викенд Скопје за пролет-лето 2015 ќе ве одведе во минималистички, мирен и топол моден свет, бидејќи во екстремно динамично и технолошки-напредното време во кое живееме честопати забораваме да здивнеме, да направиме пауза, да застанеме и да уживаме во моментите. Во новиот имиџ преовладуваат топли и релаксирани бои кои даваат приземност во модното изразување. Оваа тема е пренесена и на изгледот на манекените од фотосесијата.
„Претстојната сезона ќе биде во знакот природен изглед на лицето, топли нијанси на сенки, палета од песочни тонови и бронзен тен на телото. Потенцираните трепки и силната шминка во наредните месеци ќе бидат апсолутен аут“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката на заштитните лица. Тимот од „Бубе Студио Ин“ кој во соработка со Lakme ги направи фризурите , за новата сезона советува брановиден изглед ,благо прекршена коса и неформален природен изглед. „Во однос на боите кои ќе бидат актуелни модните амплитуди ќе движат од медовата, преку лешник и карамела нијансите па се до огнено портокаловата боја“, вели стилистот Бубе.
Фотографиите од бекстејџ атмосферата ги направи Марина Трајковска а за стајлингот се погрижи Виктор Цветановски во соработка со „Фешн Груп Македонија“.
Нема коментари