Во преодниот период помеѓу летната и есенската модна сезона, помеѓу топлите и постудените денови, најважното нешто во гардеробата е мантилот, кој повеќе од 100 години не излегува од мода. Ова прилагодливо парче облека лесно ќе ве заштити од ветер и дожд, а исто така ќе стане модерен елемент на вашиот секојдневен изглед. Оваа есен, покрај класичните беж мантили, на улиците на светските престолнини девојките демонстрираат кожени модели, комбинирани мантили, винтиџ верзии, сивкасти и сини мантили. Главниот елемент на модерниот мантил е широкиот и релаксиран крој, како и миди должината. На прв поглед, може да изгледа дека мантилот е преголем, но токму ова го прави посакуван меѓу ѕвздите на уличниот стил.
View this post on Instagram
Нема коментари