Повеќе стотици гости, љубители на дизајнот, претставници дипломатскиот кор, од државните и националните институции, како и дизајнери, уметници, професори, студенти и млади претприемачи, вчеравечер присуствуваа на отворањето на шестото издание на Skopje Design Week во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. По свеченото отворање на Главната изложба „Blooming Makers“, изложбата на земјата во фокус – Австрија и патувачката изложба „Young Balkan Designers“, во „Јавна соба“ следуваше енергичниот прв скопски концерт на младата и прогресивна белградска група „E-Play“. Групата ја карактеризира дисторзиран бас, драменбејс ритми и атмосферични гитари. Главното оружје на групата се силниот ритам што го прават Маја Цветковиќ, девојка на бас-гитара, и Горан Љубоја Трут (некогашен тапанар на Рамбо Амадеус) на тапани. Ритамот е следен од женски вокали и гитарски теми. Нивните настапи се гласни, остри и енергични – со текстови кои будат, предизвикуваат и предупредуваат. Ја свират музиката која ја чувствуваат без никаков компромис. Сакаат постојано да бидат на пат, да трагаат и да откриваат нови нешта, а никако не сакаат да се повторуваат.
Денеска со почеток во 16 часот, ќе почне сегментот на презентациите на „Skopje Design Week“. Прва ќе биде презентацијата на влијателниот дизајнер Зоран Једрејчиќ за трансформацијата на Белградскиот саем на мебел. Роден во Сплит, се школувал во Хрватска, Италија и Германија, соработувал со најзначајните светски дизајнерски компании, како „3М“, „Артизан“, „БРФ Колорс“ и други, со свое студио во Милано и во Белград, Зоран Једрејчиќ креираше сосема нов концепт на Белградскиот саем на мебел. На презентацијата ќе зборува за методите со кои Белград стана еден од европските центри на современиот дизајн на мебел.
Во 17 часот ќе се одржи презентацијата на „Дизајн Австрија“, платформа која ја носи земјата во фокус – Австрија. Дизајнерската платформа „Design Austria“ постои од 1927 година и во моментов има повеќе од 1.300 членови. Функционирањето на платформата е на принцип на интерфејс, односно ги поврзува интернационалната економија и креативните индустрии преку организација на изложби, конференции, публикации, натпревари и работилници.
Целта на платформата е да создаде идеални предуслови за работа на дизајн-индустријата. Исто така, платформата има висока компетентност во обуката на студенти, дипломци и постдипломци. Ги поддржува малите, средните и микро компаниите со советодавна функција и за компаниите за дизајн и за производните компании. Членството во платформата е отворено за сите заинтересирани.
„Не постои само еден клучен фактор за економски успех на одреден дизајн, бренд или компанија. Успешниот дизајн-бизнис е базиран креативноста, претприемачкиот дух, доброто претчувство, страста и напорната работа“, потенцира Тамара Куниг од „Design Austria“.
„Проект Илица: Made in Ilica/ Old school Ilica“ на хрватскиот колектив „Оаза“ ќе има презентација во 18 часот. Проектот „Made In“, со кој колективот „Оаза“ се претставува на „Skopje Design Week“, е инициран од промените што се случуваат на локално и на глобално ниво и кои радикално ја менуваат сликата на градот. „Made In“ е истражувачки проект за познатата загребска улица „Илица“, за промените што се случуваат со нејзиниот традиционален изглед, а се реализира во соработка со жителите и соседите на улицата. Целта на проектот е во процесот на дизајнирање, од идеја до продажбата на производите, да се користат исклучиво локалните и лесно достапни материјални ресурси и знаењето на локалните жители. Оваа платформа на „Оаза“ за ревитализација на локалната заедница со користење на алатките на социјалниот дизајн ќе биде инспиративно искуство за македонската дизајнерска заедница.
Во музичкиот сегмент на 24 ноември, со почеток во 21 часот, во „Јавна соба“ ќе настапи прогресивниот македонски авторски бенд „Џун“. Групата е основана со ентузијастичкиот дух на четворица млади музичари во 2010 година во Скопје. Со својата музика групата носи свеж здив на македонската сцена, исполнет со микс на инди-поп и акустичен кантри-поп израз. Досега настапиле на повеќе фестивали, како „Таксират“, „Егзит“, „Здраво млади“, „Сигет“, „Виена вејвс фестивал“ и „Еуросоник ноордерслаг“, а зад себе ги имаат албумите „Someday soon“ и „Indian summer“. Во овој период го подготвуваат својот трет студиски албум. Неделата на дизајнот во Скопје е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава.
Igor Josifov #Untie @public.room #skopjedesignweek #Јавнасоба #publicroom #sdw A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
Zavar #skopjedesignweek #publicroom #Јавнасоба #sdw A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
Почна #SkopjeDesignWeek #6 #Јавнасоба #Formi A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
House of ITA na #skopjedesignweek #publicroom #Јавнасоба A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
Нема коментари