Модната икона и уредничка на италијанското издание на Vogue, Франка Соѕани, почина денеска на 66. годишна возраст. Светските медиуми јавуваат дека починала во својот дом во Милано, а крај нејзе бил нејзиниот син. Изминатава година таа се борела со тешка болест, но не е соопштено за што станува збор. Соѕани беше 28 години на чело на Vogue Italia.
Уредничката на американски Vogue, Ана Винтур, ја опишува Соѕани, професионално како многу вредна и посветена личност, а приватно како срдечна, паметна и духовита.
Кариерата ја почнала во Vogue Bambini, италијанската верзија на Glamour и како соработничка за машки магазини. Главна уредничка на Vogue Italia станала во 1988 година. Се памети како една од најсмелите уреднички. Потикнувајќи ја разноликоста и промоцијата на Афроамериканските модели, во 2008 го уредува т.н Black Issue (црномуресто издание) на Vogue Italia. Ги поддржала и кариерите на едни од најуспешните модни фотографи на денешницата, како Марио Тестино, Херб Ритс и Стивен Мејзел. Таа беше во фокусот на документарниот филм Franca: Chaos and Creation, снимен од нејзиниот син Франческо Кароѕини, кој премиерно беше прикажан на годинашниот Филмски фестивал во Венеција. Родена е на 20 јануари 1950 година во Мантова, Италија.
Нема коментари