Истакнатиот словенечки режисер Томаж Пандур (52) почина денес за време на проба на претставата „Крал Лир“ во Македонскиот народен театар, како што неслужбено јавува Телевизија Телма, а пренесува хрватски Elle. Роден во 1963 година, Пандур режија дипломирал во Љубљана. Беше неверојатно плоден режисер, чии дела се темелат на адаптации на драмски класици на кои им пристапуваше на мошне оригинален визуелен начин. Меѓу најпознатите претстави се „Фауст“, „Хамлет“, „Медеја“, „Божествена комедија“, „Тесла“… Малку неочекувано за театарската публика, Пандур ја осмисли спектакуларната турнеја на Севереина, „Добредојде во клубот“, турнеја на која пејачката носеше костими од српскиот дизајнер со интернационална слава Марко Митановски.
Во последните години живееше во Мадрид. Се очекува официјлно соопштение од МНТ. Некои од претставите, како „Медеја“ на Хрватско народно позориште гостувале во Скопје, а Пандур веќе некое време ја подготвуваше „Крал Лир“ од Шекспир во МНТ.
Нема коментари