Една од најзначајните архитектки на денешницата, Заха Хадид (65), вчера ненадејно почина од срцев удар во болница во Мајами додека се лечела од бронхитис. Архитектката која со својата органска и флуидна архитектура ги помрдна границите на современото обликување, родена е во Багдад, Ирак, во 1950 година, почнала да студира математика на Американскиот универзитет во Бејрут, но откако со семејството ќе се пресели во Лондон, ќе продолжи да студира архитектура и ќе дипломира во 1977 година. Во 1980 година го отвора своето аерхитектонско студио, и почнува да претстатвува необични концепти за градби, што на почетокот било голем предизвик да се придобијат клиенти поради нејзините визионерски и експериментални идеи.
Заха Хадид е единствената жена архитект добитник на најаважната награда во оваа област, наградата Прицкер, a ќе остане запаметена по многубројни градби ширум светот, како Олимпискиот центар за водени спортови во Лондон, изграден за Олимписките игри во 2012 година, центарот Хајдар Алиев во Баку, Азејбејџан, музејот за современа уметност MAXXI во Рим, станбена зграда Хај Лајн Парк во Њујорк, потоа скијачка скокалница во Инсбурк, централата на BMW во Лајпциг, центарот за современа уметност Розентал во Синсинати, Roverside музејот во Глазгов… Предложи и концепт за стадион за Олимписките игри во Токио во 2020 година, кој неодамна беше откажан за градење поради висока цена на чинење.
Во нејзината фирма, Zaha Hadid Architects, има 350 вработени кои заедно со архитектката сработиле околу 50 проекти во 44 држави, а кои сега се спремни да го продолжат нејзиното креатовно наследство.
Заха подготви и неколку проекти во регионов, како на пример прототип за две луксузни вили Rock и Shell замислени да се градат околу голф-терен во Дубровник, и концепт за центарот Беко во Белград.
Интригантна беше и со својот моден стил и често соработуваше со модни брендови – креира инсталација и накит за Georg Jensen, колекција футуристички чевли за United Nude, како и соработката со „Фенди“, „Сваровски“, и De Beers, дизајнира изглед на продавница за Стјуарт Вајцман.
Нема коментари