НАЈНОВА ВЕСТ: Вчера, на 74-годишна возраст, почина реномираниот моден фотограф Питер Линдберг, автор на некои од најиконичните дела во модата. Веста беше споделена преку објава на неговиот официјален Инстаграм профил. Познат по неговиот елегантен, емотивен и филмски стил, Линдберг во својата долга карира сними кампањи за познати модни дизајнери и брендови, како и бројни модни едиторијали за позатите модни списанија. Неговите фотографии се дел од постојаните колекции на многу уметнички музеи ширум светот, и исто така биле прикажани на изложби во престижни музеи и галерии, вклучувајќи ги V&A, Центарот Помпиду и PS1 на MoMa.
Линдберг беше познат како мајстор на најпознатите иконски слики во модната индустријата. Користејќи го својот препознатлив црно-бел потпис, тој пред својот објектив ги ловеше жените во нивната најприродна убавина, од Наоми Кембел и Кејт Мос до Ријана и Лејди Гага. Тој ги редефинираше стандардите за убавина, одбивајќи да го прифати glossy стилот и совршенството што се постигнува со фотошоп, а кое преовладува во некои списанија и на социјалните мрежи. Наместо тоа, тој се фокусираше на хуманоста и суштината на неговиот предмет.
Тој беше автор на насловната страница и едиториалите во актуелниот септемвриски број на британски Vogue, во гостин уредник беше Меган Маркл.
Нема коментари