Модниот дизајнер Зоран Гаревски ја изгуби битката со тешката болест. Почина на 43-годишна возраст во Љубљана. Гаревски беше македонски креатор, кој повеќе од две децении живееше и беше мошне успешен во Љубљана, каде што важеше за еден од најкреативните и најдобри дизајнери во Словенија. Неговите колеги од модата неодамна подготвија добротворна модна ревија , чија намена беше собирање средства за домот во кој ги помина последните денови од својот живот. Неговата последна ревија беше претставена годинава на Љубљанската модна недела со колекцијата наречена „Фатени” . Работеше за „Рашица“ и „Мура“, облекуваше видни личности од словенечката јавна сцена,. Во 2002 година тој го основа бренд Гаревски и својата колекција ja презентира во Париз. Работеше исто така и како како костимограф и стилист.
Нема коментари