Францускиот моден дизајнер Андре Куреж почина на 92-годишна возраст. Се смета за изуметиле на мини здолништата (заедно со британската дизајнерка Мери Квант). Беше еден од првите креатори кој во 60-тите промовираше футуристички ткаенини и дизајни инспирирани од вселената, а познат е по култните вселенски „go go“ чизми. Често креираше бели мини фустани, необични модни детали и заедно со Пако Рабан и Пјер Карден се смета за творец на space age модата.
Нема коментари