Модниот свет изгуби уште еден дизајнер, на 59–годишна возраст почина Албер Елбаз. Еден од најомилените и најпопуларни дизајнери кој 14 години беше креативен директор на париската модна куќа Ланвин, последните денови ги помина во Американската болница во Париз. Според најновата информација починал од Ковид-19.
Тажната вест дојде краток период по неговото враќање во модата и лансирањето на својот бренд AZ Factory на кој работеше изминатава година. Во јануари годинава ја презентираше деби колекцијата на AZ Factory.
Дизајнерот со израелско-мароканско потекло кариерата ја почна во Њујорк кај американскиот креатор Џефри Бин, потоа беше ангажиран кај Ги Ларош во Париз, а во 1988 одина доби голема задача како креативен директор и дизајнер на prêt-à-porter колекција за Ив Сен Лоран. Од 2001 до 2015 беше креативен директор на Ланвин, за тоа време успеа да ја ревитализра старата париска модна куќа, да ја освои светската модна јавност и да добе статус на еден од клучните модни креативци. Под негово водство, Ланвин го врати својот изгубен гламур и самиот Елбаз стана една од најценетите фигури на модниот свет.
Холивудските sвезди како Кејт Бланшет, Мерил Стрип и Сиена Милер ги обожаваа неговите креации.
„Жените се понезависни, посмели“, изјави тој за списанието „Експрес“ во 2008 година. „Фустанот мора да ги придружува. Тие сакаат да се движат со него, да живеат со него. Движењето е од суштинско значење за мене – тоа е животот“.
Препознатлив со преголемите црни очила и впечатливите пеперушки, Елбаз покрај тоа што беше брилијантен и талентира, пленеше со својата насмевка и срдечност, нешто што е реткост во суровата модна индустрија.
„Беше еден од најкреативните, најсмешните луѓе во модата и вистински пионер во индустријата. Тој исто така беше еден од најталентираните дизајнери со кои некогаш сум работел – иако тој секогаш претпочиташе да се нарекува себе си „шивач“,“ напиша Едвард Енинфул, главен уредник на британски Vogue, на Инстаграм.
Оваа тажна вест одекна во медиумите, многу колеги од струката на социјалните мрежи изразувајќи сочувство и голема тага, нагласувајќи ги неговиот талент и позитивен карактер. Иако повеќе не е меѓу нас, неговата визија и наследство никогаш нема да бидат заборавени, тој зад себе остави неизбришива трага во светот на модата.
View this post on Instagram
Нема коментари