Фотографиите со уличната мода потврдуваат дека плисираното здолниште и понатаму е актуeлно и популарно, за зимскиот период одлично се комбинира со чизми и со топла јакна. Предлагаме здолниште со миди должина, може да биде направено од лесна ткаенина како шифон, но и од подебела како кожа или волна. Во игра се темни или светли бои, металик финиш или асиметричен крој. Плисираното здолниште во овој студен период се спојува со чизми по ваш избор (високи, со тенки потпетици, со војнички или викторијански стил), а во горниот дел со кратка јакна, дебело сако или капут.
Нема коментари