Пред неколку дена на настан на промоција на накит на Tiffany во Њујорк, актерката Оливија Вајлд се појави со нова фризура за која се претпоставува дека ќе биде хит оваа година – разбушавен боб со патец, во платинеста боја и со темен корен. Оливија пред извесно време изјави дека ќе ја скрати нејзината долга коса, „за да не изгледа премногу како Меланија Трамп“, и ова е промената. На настанот на Tiffany, Вајлд се сретна со колешката Кејт Мара која има слична фризура и на Инстаграм објави заедничка фотографиј со нејзината „близначка по фризура“. Овој стил покрај Вајлд и Мара го преферираат и Еван Рејчел Вуд, Кристен Стјуарт и Сара Полсон, а верзии на оваа хит фризура може да најдете на Пинтерест и Инстаграм.
Нема коментари