Познатиот моден бренд Pierre Cardin е еден од првите интернационални брендови присутни во Македонија и на 8 април го прославува својот 20-ти роденден на домашниот пазар, а зад приказната стои фирмата „Нени Компани“ која две децении им овозможува на потрошувачите да бидат во тек со светската модна сцена. Фирмата застапник на познатиот француски бренд јубилејот ќе го одбележи со тридневен попуст (на 7, 8 и 9 април), со 20 отсто на целата колекција на „Пјер Карден“.
-„Пјер Карден“ е многу повеќе од моден дизајн, во името и брендот се вткаени дизајнерската традиција и вештина во изработка на ткаенини. Статусниот симбол што го наметнува е само еден чекор кон создавањето на идентитет и авторитет. Овие карактеристики на брендот беа причини пред дваесет година да го донесеме овој светски бренд во Македонија и со тоа, на некој начин да ги отвориме вратите и да ја подигнеме свеста за деловната и за секојдневната машка мода, нешто што денес е императив. Драго ми е што граѓаните ги препознаа токму овие вредности на „Пјер Карден“. Токму и затоа се одлучивме да ги наградиме не само нашите најверни купувачи, туку и сите кои што во следниве три дена ќе дојдат во двата бутика на „Нени Компани“, City Fashion Pierre Cardin во ГТЦ и во „Сити Мол“, со 20 отсто попуст на целата колекција на „Пјер Карден“ – изјави Ненад Атанасов, генерален менаџер на „Нени Компани“.
Покрај машката облекаа и модните додатоци потпишани со името на Пјер Карден, во бутиците на компанијата може да се најдат и брендовите Armani Jeans, Lagerfeld, Joop!, EA7-Emporio Armani, Eterna и Seidensticker.
Нема коментари