Додека трае саемот на машка мода Pitti Uomo во Фиренца, улиците на градот стануваат епицентар на возбудлива улична мода, кога низ нив дефилираат елегантни Италијани, дизајнери, уредници, блогери и гости од целиот свет дојдени да ги проследат новите трендови. Вообичаено, уличната мода на Pitti Uomo е фокусирана на италијанска елеганција и на добро скроените костуми разиграни со интересни детали, но во последо време се појавуваат и поурбани стилови, откачени комбинации и необични интерпретации на машките трендови. Еве како деновиве изгледаат улиците на Фиренца.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари