Дизајнерското дуо Питер Пилото и Кристофер де Вос кое ги потпишува креацииите на лондонската модна етикета Питер Пилото се добитници на престижната награда што ја доделува Британскиот моден совет во соработка со магазинот Vogue. Во конкуренција на дизајнерите Мери Катранзу, Хенри Холанд, Емилија Викстед, Осман Јузефсада и Зои Џордан, победата на Пилото и де Вос значи грант од 200.000 фунти за развој на брендот и годишна програма во вид на експертска поддршка и менторство. На Пилото и де Вос одлично им тргна годината, покрај наградата од идниот месец почнува да се продава колекцијата на Питер Пилото креирана за американскиот гигант „Таргет“ со што брендот се отвора на американскиот и светскиот пазар. Креациите потпишани со името Питер Пилото се препознатливи по маркантните принтови, а се омилени кај холивудските ѕвезди од рангот на Кејт Бланшет, Кристен Стјуарт и Сандра Булок.
Нема коментари