Во модниот свет дојде до нов трансфер на дизајнерските таленти и сега официјално е потврдено дека Питер Дандас е новиот креатовен директор во модната куќа на Роберто Кавали. На посакувана позиција во италијанската куќа, Норвежанецот Дандас доаѓа од местото на главен дизајнер во модната куќа „Пучи“, а претходно работел за „Унгаро“. Но, пред „Пучи“ и „Унгаро“, Питер три години работе во дизајнерскиот тим на Роберто Кавали, но сега се враќа како креативен директор, позиција што се смета за врв во дизајнерската хиерархија на една модна куќа.
-Изборот на Петар Дандас беше направен со желба да се развие стил кој комбинира гламур, традиција и иновација, призната во светот како потпис на Кавали уште од раѓањето на куќата – коментираат Роберто и Ева Кавали.
Од друга страна Дандас смета дека ова за него е како враќање дома.
-Голема чест ми е да продолжам да го развивам прекрасниот свет на Роберто Кавали и многу сум возбуден од можноста и потенцијалот на овој уникатен бренд. Не можам да дочекам да започнам – изјави Питер.
Неговата прва колекција за Роберто Кавали ќе биде презентирана во септември. Со неговото заминување од „Пучи“ се ослободи ново работно место, па веќе почнаа и калкулациите и гласините кој дизајнер ќе биде ангажиран.
Нема коментари