Календарот на брендот „Пирели“ со децении е познат по ексклузивните, провокативни и заводливи фотографии на разголени топ-манекенки, фотографирани од најдобрите фотографи, но по 50 години издавање, календарот за 2016 ќе биде сосема поинаков. Зад објективот нема да застанат модели, туку 12 моќни жени од различни области и генерации кои оставиле голем печат со својот ум и работа. Уметницата Јоко Оно, тенисерката Серена Вилијамс, блогерката и актерка Тави Гевинсон, авторката Френ Лебовиц и режисерката Ава Диверни се некои од успешните дами што ќе се најдат во новиот календар што го работи фотографката Ени Лејбовиц.
Видеото што New York Magаzine го направи за време на снимањето дава само мал увид и нагаѓање кои се другите личности што ќе бидат во календарот на „Пирели“
Нема коментари