Компанијата Пирели од денеска го продава својот познат календар, овој најновиот за 2017 година ги слави талентираните жени од различни возрасти. Претходно препознатлив по сексапилни фотографии на познати супермодели, почнувајќи од ланскиот календар, дело на фотографката Ени Лебовиц, кога видовме поинаква креатива со облечени жени од различни профили и возрасти, и годинава Пирели се движи во слична насока. За новиот календар ангажирани се 14 високопрофилирани актерки, повеќето Оскаровки, како Никол Кидман, Џулиен Мур, Робин Рајт, Ума Турман, Хелен Мирен, Алисија Викандер, Руни Мара, Леа Сејду, Пенелопе Круз… кои ја слават природната убавина и женственоста. Портретирани се со смирен стајлинг и минимална шминка. Најинетересно е што фотографиите направени од Питер Линдберг, во крајната верзија во календарот се оставени – неретуширани!
Нема коментари