Модниот свет изгуби уште еден легендарен креатор – вчера на 98-годишна возраст почина Пјер Карден. Моден визионер кој со своето творештво ја промени модата на 20-от век, воведувајќи креации инспирирани од space age иконографијата и фасцинацијата од костичките авантури. Изгради вистинско модно кралство и беше првиот креатор што го брендираше своето име, а името го лиценцира на мебел, минерална вода, автомобили, грамофони, парфеми, цигари, предмети за домот, храна, разни модни додатоци… Меѓу првите ја сфати потребата да се креираат и машки колекции, а направи исчекор во унисекс модата. Беше првиот моден крееатор од „западниот свет“ што се проби на рускиот и кинескиот пазар.
Пјер Карден заедно со Андре Куреж и Пако Рабан во 60-тите години од минатиот век го дефинира футуристичкиот моден стил. Модата на Карден се базира на авангардни креации со геометриски форми и кроеви, линеарна силуета, интензивни бои, футуризам и космонаутска мода со која почна да екпериментира од крајот на 50-тите. Погледна кон иднината за да создаде модерен и иновативен јазик во модата.
И покрај желбата на неговите родители, богати трговци со вино, Пјер да стане архитект, тој суште како млад се насочил кон креирањето облека. Почнува како цртач во француската модна куќа Paquin, потоа преминува кај Кристијан Диор, каде што како кројач работи на легендарната диорова „new look“ колекција. Три години подоцна ќе ја основал сопствената мода куќа со која ќе доживее огромен успех. Со мудро водење бизнис и умешноста да го брендира своето име, ќе изгради бренд вреден милијарди евра, а како богаташ последните години ќе ги помине во хуманитарни акции.
Нема коментари