Германското издание на магазинот Vogue подготви пет различни насловни страници за новиот августовски број со пет супермоделки – Емили Ратајковски, Ирина Шајк, Лили Олдриџ, Роузи Хантингтон-Вајлти и Стела Максвел кои позираат облечени во креации од претстојните есенски колекциии. Емили носи златен костим и кошула од Дрис Ван Нотен, Ирина машко сако, кошула и марама од Роберто Кавали и панталони од Vetements, Лили е во модел од Ралф Лорен, Роузи носи палто и фустан од „Миу Миу“, а Стела фустан и корсет од „Прада“. Фотографиите ги направи Џампаоло Згура, а сталјингот е на главната уредничка на германски Vogue, Кристиане Арп.
Нема коментари