Во деновите во кои треба да се појавите на различни забави можеби ќе ви се случи да ја повторите облеката, но сменете го накитот за да постигнете нов изглед. Еве неколку идеи за празничен стајлинг со помош на пет различни стилови на накит кој може да го вметнете во сопствениот стил. Не претерувајте со китење повеќе парчиња накит, оставете едно парче да ја игра главната улога.
Двојни бисери Багодарение на „Диор“ обетките со двојни бисери станаа мошне популарни. Игледаат софистицирано и ненаметливо, одговараат со елегантна комбинација.
Ѓердан како златна јака Ако не сакате светкава облека, блеснете само со златен ѓердан кој се носи блиску до вратот, како да е златна јака.
Впечатлив сребрен ѓердан Драматичен и крупен, сребрениот ѓердан со проѕирни камчиња најдобро стои со еднастовна и ненападна облека. Во спротивно ќе изгледате како светкава диско топка!
Брошеви Овие светликави орнаменти имаат моќ инстантно да ја гламуризираат модната комбинација. Се носат на облека, но и на марами и чанти.
Накит со реси Тенденција на годината која одговара на оние кои не сaкаат многу комплициран или премногу светликав празничен накит, но сакаат да носат впечатлив детаљ.
Нема коментари