Во зимскиот период кожата доживува несакани промени и сушење, предизвикани од студот и ветерот, а исто така ја губи влажноста, резултат на сувиот воздух во затворени просториите кој се создава поради греењето. Ова се однесува и на косата, која станува посува и млитава. Вратете ја живоста на кожата и косата и зголемете го имунитетот на организмот преку користење на правилни природни состојки. Стручњаците за овој период предлагаат алое вера, шеа-путер, витамин Е, јојоба и роза кои ќе искористите преку исхрана, но и во вид на козметички препарати. Кога купувате крем за лице, лосион за тело, тоник за чистење, крем за раце или балзам за усни, прочитајте гo составот и бирајте производи со следниве благотворни состојки.
Роза
Водата од роза и производите во кои розата е главна состојка имаат антисептички и антивоспалителни својства. Во зима етерично масло од роза или тоник ја смирува кожата после студенилото што сте почувствувале надвор и го спречува прекумерното сушење. Витамините Б1, Б2, ПП, Ц и К кои ги содржи розата помагаат за длабока регенерација на кожата.
Shea Butter
Шеа-путерот има својство да го намали негативното влијание на надворешни фактори врз кожата и косата. Благодарение на витамините А, Е и Ф, шеа-путерот ја обновува кожата, го стимулира производството на колаген и ја штити од УВ зраци. Зимно време шеа-путер е погоден за сува кожа и за оштетена коса.
Алое вера
Оваа состојка длабоко ја навлажнува кожата и во исто време ги ублажува иритацијата и воспаленито. Содржи антиоксиданси, бета-каротин, витамин Ц и алантоин, кои ја смируваат чувствителна кожа и ги мазнат брчките. Сокот од алое вера може да се пие во чист облик, но, исто така оваа состојка може да ја побарате во составот навлажнувачки креми, гелови за длабоко чистење и хранливи шампони.
Јојоба
Маслото од јојоба исто како како шеа-путерот е познато по своите исклучително хранливи својства. Главната разлика е во тоа што маслото од јојоба многу брзо се впива, така што на ладно време погодно е не само за оние со сува, туку и за оние со масна кожа. Може да се користи како крем за лице и за очи, балзам за усни, лосион за после бричење, лосион за тело и во маска за коса. Маслото од јојоба може да се го додаде на некој од козметичките производ што ги употребувате или да го барате како состојка во некој крем.
Витамин Е
Ефикасен антиоксиданс кој активно се бори против слободните радикали и го успорува процесот на стареење. Поради дејството на витаминот кожата е поцврста, од неа се отстрануваат токсините и се подобрува целокупниот тен. Во повеќето случаи витаминот Е се наоѓа во anti-age креми за лице и за областа околу очите и во лосионите за тело.
Нема коментари