Базиран на познатиот стрип и во режија на славниот режисер Метју Вон, филмот „Кингсмен: Тајната служба“ ја претставува приказната за супертајната шпионска организација која во еден момент регрутира момче од улица со голем потенцијал за да се посвети на тешката тренинг програма. Истовремено превртливиот компјутерски гениј станува вистинска глобална закана. Филмот „Кингсмен: Тајната служба“ ќе биде прикажан претпремиерно во кината од 19 февруари.
Издвојуваме пет причини кои ќе ве мотивираат да минете две квалитетни часа во кино гледајќи го филмот „Кингсмен: Тајната служба“, бидејќи оваа акција едноставно не смее да се пропушти:
Причина 1: Метју Вон
За Метју Вон најдобро зборуваат остварувањата на кои работел. Како продуцент се прославува со блокбастерите „Снеч“, „Затворски круг“, а како сценарист/режисер ги создал познатите филмови „Ѕвезден прав“, „Фајтер“, „Икс-мен: прва класа“ и сега „Кингсмен: Тајната служба“.
Причина 2: жестока акција и забава
Една од (многубројните) борбени сцени, која особен0 се издвојува, е врвната сцена во црквата во која Фирт „средува“ еден куп луѓе. А она што ја прави уште поневеројатна е дека е снимена од прв обид. Radio Times за Кингсмен вели дека ја „враќа забавата во шпионскиот филм“, што зборува за тоа дека филмот изобилува со хумор што досега не сме имале можност да го видиме во слични жанрови.
Причина 3: Колин Фирт
Изборот на вистинскиот британски џентлмен Колин Фирт за улогата во овој филм не бил тешка одлука за Вон: „Забавно е Колин да се гледа во поинаква улога“, вели Вон. ,,Беше ризично да се стори тоа, но Колин извонредно ја понесе улогата. Знаев дека може да го долови џентлменскиот аспект на шпион, но не бев сигурен дали ќе успее со акционите сцени. Го изведовме од неговата комфорна зона, но тој многу се потруди. Така што, после се’, Колин може да биде сјаен акциски херој.“
Причина 4: старата гарда и нови ѕвезди
Критичарите за младите ѕвезди Тарон Егертон и Софи Куксон предвидуваат голема кариера во филмската индустрија, бидејќи во ова остварување нималку не заостануваат зад легендарниот Мајкл Кејн и Марк Стронг.
Причина 5: Семјуел Л. Џексон
На секој добар шпион му е потребен соодветен злосторник, улога што во овој филм му е доделена на Семјуел Л. Џексон. На Џексон му се допаднало сценариото на Вон и Голдмен и како што вели, самиот ги разбрал мотивите на ликот: „Она што навистина е лудо е што се’ има смисла“, се смее. „ Филмот е полн со фантастични визуелни слики, па навистина уживав работејќи на него“.
Нема коментари