Во различни бои и кроеви кожените јакни и палта се хит сезонава, а доаѓаат и во повеќе видови на кожа, меѓудругото има модели направени од еколошка кожа за оние кои го застапуваат етичкиот третман кон животните и веганскиот животен стил. Покрај класичната моторџиска јакна дизајнерите за есен-зима 2014/15 предложија и капути, кантри-модели со реси, па дури и колеџ-јакни од кожа.
Моторџиска јакна
Ултимативна класика од кожа, сезонава се појавува во неколку различни интерпретации, со подолга должина како во моделот на Хелмут Ланг или во констрастни како во колекцијата на Just Cavalli.
Кожен капут
Ако не сакате да изгледате како да сте тргнале на кастинг за „Матрикс“, одберете поженствена варијанта во облик на кожен капут, во светла бежова боја и со поширок крој (Tod’s) или црн класичен како оној на дизајнерот Нил Берет.
Во вестерн стил со реси
Не мора автоматски да асоцира на изглед на каубојка, дизајнерите понудија доста урбани верзии на јакната со реси, како кратката јакна од колекцијата на „Версаче“ или пак како комплетниот изглед со реси по предлог на брендот Jay Ahr.
Поедноставен модел на кожена јакна
Нема толку агресивен изглед како моторџиската јакна, туку се темели на едноставен крој и колеџ-јакна со поженствена линија. Ако е кројот едноставен, тогаш може да си играте со бојата – пример се црвената јакна на Ентони Вакарело и моделот во боја на слива од Седрик Шарлие.
Со крзно
Кога ќе дојде зимата далеку потопло ќе се чувствувате во јакна поставена со крзно, кое се разбира може да биде и вештачко. Одберете модел со пократка должина и со качулка како овој од Diesel, или во стилот на парка, како сребрената креација од Ели Тахири.
Нема коментари