Канадскиот магазин Flare за својата мартовска насловна и главна приказна избра пет нови манекенкски имиња, Шарлот Мингеј, Саша Хронис, Џена Ленфести-Кстило, Софи Тушет и Шелби Фурбер, и ги фотографираше без шминка, фотошоп или специјални филтри. Фотографот Питер Еш Ли сликаше уште неколку други надежни канадски манекенки, а приказната оди со хаштагот WokeUpLikeThis.
Канадскиот магазин пред неколку години доби забелешки за насловната страница со актерката Џенифер Лоренс од 2011 годин за која се откри дека е претерано фотошопирана, што и самото уредништво призна. Иако е за пофалба новиот чекор од мартовската насловна, и воопшто иницијативите на модните магазини да го минимизираат користењето на фотошоп и промовирањето на вештачки изглед, сепак во случајов се работи за млади девојки кои се занимаваат со манекенство. Впрочем секоја млада девојка изгледа свежо, па не се работи за некаков голем револуционерен чекор. Но, позитивно е доколку Flare и другите модни списанија испратат порака дека убавината доаѓа во сите облици и форми, со сите мали или големи недостатоци, како и тоа да претстанат да испраќаат лажна претстава за женската убавина преку претерана манипулација на фотографиите.
Нема коментари