Потребен ви е стајлинг за ден кога сте во движење, се шетате низ градот, завршувате разни обврски, но и за работа во канцеларија со поконзервативен дрескод, сакате да се дотерате за вечерно излегување во ресторан? Еве неколку примери како да се облечете оваа пролет во пет различни пригоди, почнете од базични парчиња и стлилизирајте со тоа што ќе направите додавање и одземање на други делови од облеката.
Прошетка низ град
Почнете со мантил во зелена боја, додадете маица со графичка шара, ги облекувате омилени џинс шорцеви, од детали употребувате заоблени очила за сонце и интересни патики
Вечерно излегување
Изберете бело сако со ситни пруги, стилизирајте со минималистичка маица, облечете едноставни панталони, дополнете со ѓердан со елегантне привезок и чевли со принт
Креативни и во канцеларија
Почнете со лесен фустан, облечете врз него пролетен широк џемпер, стилизирајте со голем коктел-прстен и сандали со дебели потпетиви
Конзервативен деловен дрескод
Комбинацијата почнете ја со блуза на пруги, под неа облечете класична кошула, на тоа додадете трендовско здолниште со шара, мала чанта во интензивна боја и салонки во неутрална боја
Викенд средба во ресторан
Стартувајте со палто во впечатлива нијанса, заменете ги темните фармерки со посветол модел, облечете чевли со весела боја, направете маникир во бела боја и финиширајте со олила за сонце со шарени рамки
Нема коментари