На модните писти дизајнерите и брeндовите прикажаа повеќе идеи како да изгледате шик и да комбинирате топла облека во сезоната есен-зима 2019/20. Слоевитото облекување е одлика на зимската мода, а во игра се плетивата, дебелите штофови и топлите модни додатоци.
СЛОЕВИТО ОБЛЕКУВАЊЕ – Најефектиен начин да се заштитите во студените месеци, претставува облекување на неколку облеки една врз друга, на пример ролка, па џемпер, па волнено сако и капут на крај. Добрата работа е што волуменозната силуета е тренд периодов, па со тоа и облекувањето во слоеви е во мода.
ВОЛНЕНО ЗДОЛНИШТЕ – Моден компромис меѓу практичноста и женственоста. Изберете миди модел на здолниште од дебел твид или волнен штоф, модел кој одговара на стилот позaјмен од 70-тите, и комбинирајте со високи чизми и кошула.
ТОПЛА КАПА – Во мода се вратија моделите на капи во стилот на руските ушанки – топла капа поставена со крзно и со делови кои ги заштитуваат ушите, а вакви модели видовме и на ревиите на „Версаче“ и „Фенди“.
ПЛЕТИВО – Ништо подобро не згрејува од топли, плетени џемпери, кардигани и ролки. И плетивата се широки и волуменозни, како дел од општиот тренд на волуменозна силуета.
ЈАКНА И КАПУТ ЗАЕДНО – На уличната мода беа детектирани изгледи од топла, пердувеста јакна и капут одозгора, овој стил го прифатија овој стил го прифатија и дизајнерите и понудија свои верзии на комбинацијата. Идејата е едното парче да биде потенко, како на пример, овој микс на Monclear од подебела јакна и капут од тенка ткаенина.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари