Кога се костимите за капење во прашање малкумина се експерти и дизајнери во овој дел од модата, како што е на пример Ники Цимерман од австралискиот Zimmermann, бренд кој веќе ја претстави ресорт колекцијата за лето 2015 составена од луксузни едноделни костими. Но, тука е и тековната колекција за лето 2014 која содржи колоритни парчиња за плажа. Токму Цимерман одговара на прашањата како да избереме вистински костим во кој ќе изгледаме одлично, но и ќе се чувствуваме пријатно? Од кој агол да му пријдеме на купувањето бикини? Еве ги нејзините топ 5 совети!
1.Дозволете да ве привлече она што природно ви се допаѓа
Мислам дека е важно навистина да го сакате она што го купувате. Треба да ја сакате бојата, шарата, односно следете го она што ќе ви се допадне на прва. Добар почекот е прво да ве привлече бојата и шарата.
2.Но, сепак експериментирајте со различна силуета и пробајте костими што никогаш не сте помислите дека би ги носеле
Сè се сведува на вистинскиот „фит“, костимот да ви биде сосема точен. Затоа бидете отворени за нова силуета. Секогаш советувам да пробате барем три различни модели на костим, понекогаш дури и некој модел што не би помислиле дека може добро да ви стои. Пробајте, никогаш не знаете што сè може да ви одговара.
3.Во шопинг со пријателка која е искрена и вистински ќе ви помогне
Пробувањето костими за капење навистина не е лесно. Но, сè додека имате добри луѓе околу вас кои што ви помагаат во вистински правец, лесно ќе најдете модел со кој ќе бидете компелтно задоволни.
4.Посегнете по боја која обично не ја носите
Понекаш е до бојата, на пример изборот на црвена наместо црна боја. Тоа може да биде новината при бирање, нели? Нова силуета, точни мерки и некоја сосема невообичаена боја за вас!
5.На крајот изберете шапка
Сакам шапки. Убави шапки. Доаѓам од Австралија и таму навистина ви е потребна шапка. Штити и изгледа убаво!
Нема коментари