Што да облечето во канцеларија коа е премногу студено?! Знаеме дека понекогаш е збунувачки што да облечеме за на работа во зима, особено ако се земат предвид климатските услови во канцеларија (признајте дека во повеќето канцеларии во деловниот свет е премногу топло или недоволно затоплено). Исто така во зимските месеци пожелно е да се облекуваме во слоеви, бидејќи надвор можеби е премноу студено, но ако во канцеларија е топло, треба да се прилагодите на таа температурна разлика. Затоа, не е лесно да се облечете по бизнис-стандарди во зима, ама еве неколку комбинации за деловно зимско облекување. И сите ги задоволуваат примарните потреби – да бидат стилски, професионални и топли.
Костим кој дозволува слоевито облекување
Наместо претесен костим кој едвај го закопчувате, кој ионака изгледа непрофесионално и невкусно, изберете модел со поширок крој. Покрај тоа што е тренди, широката силуета ќе ви дозволи да носите повеќе слоеви под сакото. Ако во канцеларија стане навистина жешко, само отстранете го сакото или некој дел од облеката под сакото.
Карирано здолниште
Не е само карираното сако тренд, зимава карото може да го носите и на здолништето. А супер се комбиира со блузи, ролка или џемпери во интензивна боја, со салонки или чизмички до глужд.
Џемпер со впечатлива шара
За да ја разбиете монотонијата на класичните црни панталони, облечете џемпер со графичка шара или со колор-блок ефект, а дополнете со интересн брош и со кошула под џемперот.
Широки панталони со килот-крој
Изгледаат одлично, лесно се комбинираат, носете ги во црна или некоја друга боја со загазит тоналитет (како на фотографијата), може да се комбинираат високи чизми со потпетици, и се впечатлива, но доволно професионална верзија на класичните панталони.
Плетен комплет
Удобнно, но и професионално ќе се чувствувате во комплетот од долго плетено здолниште и блуза од истото плетило. Клучно е комплетот да ја следи силуетата и плетивото да биде квалитетно, а не распуфкано и со истргани конци.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари