Петнаесет нумери изведени од македонски алтернативни пејачки се најдоа во компилацијата „Некои девојки“, што ќе биде објавена на 22 март. На албумот, во издание на „Ако никој не свири“ и Младинскиот културен центар – Скопје ќе има песни од домашни артистки и групи со проминантни женски членови, кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена.
Најголемиот дел од овие композиции ќе бидат за првпат објавени на носач на звук, а добар дел од нив се специјално креирани за потребите на компилацијата. Помеѓу изведувачите има и дебитанти, но и добро познати имиња со повеќегодишно искуство.
На компилацијата се појавуваат „Бернајс пропаганда“, Девојка, Галатеа, Грин Фуз, Херзел и Џеновева, „Џун“, Нина Георгиева, Плава, Првата Дама, Куајет Хирошима, Слит, Телемама и Ундон. Стилски компилацијата е разновидна, покривајќи низа на жанрови како: инди-поп, рок, пост-панк, рап, современа класична музика, електронска и експериментална музика.
Ќе биде достапна на компакт диск, како и во дигитален формат.
1 коментар
postoi li moznost da se linkuvaat ovie bendovi zatoa shto imam strashen problem da gi najdam online?
Inaku, prekrasna idea za kompilacija