По долгогодишна соработка со Манго конечно добив можност да создадам своја сопствена одржлива колекција – напиша на својот профил на Инстаграм познатата данска инфлуенсерка, уредничка и стилистка Пернил Тејсбек.
Колекцијата ќе биде „безвременска, модерна“ и ќе содржи 20 парчиња за сезоната есен 2021, микс на облека и накит, а дел од колекцијата е црното сако што Пернил го носи на фотографијата на објавата.
Пернил е една од оригиналните Mango-девојки и со брендот соработува шест години како заштитно лице, но сега се појавува во другда улога и ќе креира капсулна колекција со безвременски модни парчиња кои секоја урбана девојка треба да ги поседува. Колекцијата ќе биде достапна во октомври годинава.
Нема коментари