Со обични маици, кошули и сандали кога времето е потопло, со долги сакоа и дебели џемпери кога летото во Стокхолм е постудено, познатата скандинавска стилистка и трендсетерка Пернил Тејсбек ни е пример како се комбинираат шорцевите и бермудите. Таа носи џинс, платнени и спортски шорцеви, бермуди кои се дел од костим, а ги прилагодува за различи пригоди кои се движат од посета на модна ревија и посвечен настан, до релаксирана прошетка низ градот и дружба со нејзините деца.
Нема коментари