Два познати лика од два различни медиуми – пејачката Северина и уметницата позната како ОКО учествуваа во заеднички перформанс No root, No Fruit, дел од проектот Хрватската уменост денес. Настанот се одржа вчера во просторот на загрепската „Лауба“, а идејата е да се покаже дека тоа што се бават со различни медиуми не е нивната разлика, туку врската што ги спојува, бидејќи и на двете им било поставено истото прашање – Ти само пееш, а ти само црташ, нели? Уметницата што се ословува како ОКО зборува токму за тоа како луѓето се склони на предрасуди и кон тоа да ги дефинираат оние околу себе, да одлучуваат во туѓо име и да изнесуваат мислење за работи за кои никој не ги прашал. “Предрасудите болат. И иако се обидуваме да ги игнорираме тие реченици и погледи, зборовите се вовлекуваат некаде длабоко во нас, стануваме послаби на ниво на поединец, не сфаќајќи дека во заедница сме сепак посилни“, смета ОКО. Едната кралица на естрадата, другата перформанс-уметник што го крие идентитетот, не може да бидат поразлични, но заедно ја разбиваат предрасудата дека некои личности и професии се неспоиви.
Нема коментари